Спорт

Тениски маратон во Лондон, Тим преку Ѓоковиќ обезбеди полуфинале

Лондон, 13. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во меч кој траеше безмалку 3 часа, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ загуби од австрискиот тенисер, Доминик Тим со 1-2 (по сетови 7-6 3-6 и 6-7) во меч од второто коло во групата „Бјорн Борг“ на завршниот Мастерс турнир во Лондон.

Со тоа Тим стана првиот полуфиналист на турнирот откако забележа две победи (првата изненадувачка против Роџер Федерер) во двете кола во „О2 арената“.

Мечот го одбележа голема борба, одлични потези и неизвесност до самиот крај.


Во првиот сет, двајцата тенисери направија по еден брејк, па мораше да се игра тај-брејк за да се одреди чие ќе биде почетното водство од 1-0. Предноста отиде на страната на поискусниот и подобропласиран тенисер во моментов (Ѓоковиќ е втор, а Тим петти на АТП листата).

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука