На кафе со... Охрид ТОП ВЕСТИ

Шеф Филип Чаловски: Во „Sky Corner“ го славиме неделниот ручек, дозволете ни да Ви ја доловиме домашната атмосфера

Охрид, 15. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Уникатно дизјниран, уреден во модерен стил, ресторанот и скај барот во елитниот хотел „Sky Corner“ нуди совршена атмосфера за сите кои сакаат да се чувстуваат опуштено и пријатно, во било кој дел од денот. Посебно задоволство за гостите се гастрономските специјалитети на Шеф Филип Чаловски, главниот Шеф на кујна.

Својата репутација ја гради изминативе 10-на години, искуства црпел од познати светски Шефови, одличен познавач на националните кујни, уникатен, иновативен, храбар и креативен, успеа да внесе вистинско освежување во угостителската понуда во Охрид.

– Тековно работиме и на настанот Family lunch, концепт преку кој го славиме неделниот ручек, концепт преку кој сакаме да ја доловиме домашната атмосфера за ручек. Не сакавме да копираме американски концепти, како на пример американскиот бранч или слично, сакавме неделниот ручек во „Sky Corner“ да асоцира на искуствата што ги доживуваме за време на традиционалниот семеен ручек во недела, во својот дом, во домот на родителите, бабите и дедовците, рече Чаловски кој беше денешен гостин во емисијата „Radio Corner “ на Супер радио.

Супер радио: Во гастрономските кругови имате висока репутација и важите за еден од најкреативните готвачи кај нас. Како низ годините ја стекнувавте Вашата репутација во гастрономските кругови?

Чаловски: Кога станува збор за репутацијата, пред се тоа секогаш ме асоцира на напорна работа, посветеност и лојалност, но секако потребни се и голема креативност и храброст. Особено важна е и пасијата и желбата да се унапредува работата. Важно е и да се турнете од комфорт зоната и да направите нешто по што ќе бидете препознаени, сега и во иднина.

Супер радио: Имате големо искуство и сте одличен познавач на различни национални кујни. Под влијание на која национална кујна го креирате менито во „Sky Corner“?

Чаловски: Постојат одредени клишеа или стереотипи. Кога зборуваме за национална кујна на ова поднебје, јас подразбирам се она што е зготвено тука, без разлика на техниките кои се употребени во готвењето, а се специфични за други национални кујни. Техниките на фаранцуската кујна се ‘рбетот на сите модерни кујни во Европа. Ние имаме некои традиционални јадења, но кога зборуваме за национална кујна ние можеме да креираме храна со примена на француски техники на готвење, но со македонски путер, со македонско пилешко или јунешко место и тоа на крај да биде наше национално јадење.

Супер радио: Како и се друго, така и гастрономијата во чекор ја следи технолошката еволуција. Колку денес во гастрономијата е важно следењето на технологијата за готвење?

Чаловски: Особено важно денес е секој Шеф да си има одередена култура на следење на светските трендови, да посетува важни саеми и собири на Шефови, во државата, регионот и пошироко, колку што може и колку што дозволува времето. Во моментов во Монако се оджува „Chefs World Summit“, настан кој на едно место ги собира врвни Шефови од цел свет, настан кој ќе ги престави врвните брендови и новитети кои ќе бидат тековни трендови.

Супер радио: Што би препорачале во „Sky Corner“ за оние кои сакаат нови гастрономски искуства?

Чаловски: Од стандардното мени, мислам дека никој не може да оддолее на„ Јунешкиот образ во сос од вино“, кој постепено стана кулинарски печат на „Sky Corner“. За сите кои сакаат поинакви гастрономски искуства, големо внимание посветуваме на „Chef`s table“, настан каде што се трудиме на гостите да им доловиме уникатно гастрономско искуство. Јас сум во ресторанот, дискутираме за храната, се трудам секој гостин поединечно да го испочитувам околу посебните диететски потреби, како на пример диети и слично. Во рамките на овој настан, за кој е резервиран секој вторник, подготвувам и на самата маса лично ги презентирам сезонските специјалитети и предлагам сорти вино кои најдобро одговараат со оброкот. Би сакал да напоменам дека за вакво посебно гастрономско уживање за сите сетила потребна е претходна резервација.

Супер радио: Сте готвеле во Вашата кариера со некои познати Шефови?

Чаловски: Би го издвоил Шеф Thomas Keller и неговиот протеже, неговата десна рака Michael Sandoval со кои сум во контакт до ден денес. Шеф Thomas Keller во Америка наједноставно речено не е само врвен готвач, туку „институција“ и се надевам дека набрзо ќе биде и наш гостин во Охрид во „Sky Corner“.

Супер радио: Веќе навиканвме од „Sky Corner“ постојано да добиваме интересни прималиви и невообичаени настани и понуди. На што работите моментално?

Чаловски: Во моментов работиме на освежување на новото мени, на кое ќе внесеме нови јадења, но ќе ги задржиме оние кои до сега беа одлично прифатени од гостите. Тековно работиме и на настанот Family lunch, концепт преку кој го славиме неделниот ручек, концепт преку кој сакаме да ја доловиме домашната атмосфера за ручек. Не сакавме да копираме американски концепти, како на пример американскиот бранч или слично, сакавме неделниот ручек во Sky Corner да асоцира на искуствата што ги доживуваме за време на традиционалниот семеен ручек во недела, во својот дом, во домот на родителите, бабите и дедовците. За заинтересираните ќе напоменам дека за семјниот ручек претходно треба да се резервира, најдоцна до петок, за да можат состојките да се нарачаат и да бидат свежи.

Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука