Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за здружение и пет лица од Струга поради бесправно градење

Струга, 17. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правното лице Здружение за наука и култура „Дрим Сулејманије“ од Струга и против пет лица поради сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Кривични пријави заработија И.А.(31) од Струга, Ф.Р.(33) од селото Житинени, Н.Б.(57) од селото Лабуништа, струшко, О.К.(50) со привремен престој во Струга и Р.К.(66) од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019 година пријавените, како сопственици и инвеститори, започнале со изградба на објект на улицата „Мислешески пат“ во Струга без одобрение за градба, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави