Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Со повеќе активности ќе се одбележи Неделата на грижа за стари лица

Охрид, 18. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид од денес до 24-ти ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општесгвениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош за старите лица.

Во таа насока предвидени се повеќе активности. Утре ќе бидат посетени болни и изнемоштени стари лица во руралните населби во Охрид и Дебрца од страна на тим на стари од Програмата за Грижа за стари лица на Црвен крст Охрид и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со цел, комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, основни здравствени прегледи и превентивни препораки. Приота ќе им бидат доделени хуманитарни пакети за стари лица во социјална загрозеност и ризик.

За среда, 20-ти ноември е предвидено посета и делење на здрави зеленчукови производи на старите лица во Одделот за геријатрија при Општа болница Охрид. Производите се создадени во Градината на заедницата во Охрид, од страна на членови на Програмата за грижа за стари лица „Најди време„ при Црвен крст Охрид, здружение, жени
„Бисера„ Охрид, здружение „Брег на младоста„ Охрид, средното училиште „Кирил и Методиј“ и други субјекти, а подржано од Американскиот мировен корпуст и УСАИД.

В петок, 22-ри ноември ќе бидат избрани најдобрите литературни и ликовни творби од Конкурсот за поезија, проза и ликовна уметност.

Во текот на оваа недела во Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ќе се организира и меѓугенерациска средба во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади ќе се дружат
преку заеднички игри (шах, табла, пикадо, цртање). Целта на оваа дружење е да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука