Избор Охрид

Антички, куќата на Робевци и Самуиловата тврдина обоени во сино во чест на Светскиот ден на детето

Охрид, 20. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – 20-ти ноември се одбележува како Светски ден на детето, а воедно денес се навршуваат и 30 години од потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации – УНИЦЕФ.

Годинашната глобална иницијатива е насловена„Осветли во сино“. И Македонија, како потписник на конвенцијата е дел од глобалната кампања,а настаните се реализираат под мотото „Сите Сме = Во Правата“. Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, зградите на Владата, Собранието и други обележјата во Скопје од синоќа се осветлени во сина боја.

И Охрид се приклучи во одбележување на денешниот ден. На иницијатива на лајонс клубот Лихнидос, Античкиот театар светна во сино, како и Музејот Робевци, Куќата на Уранија, Самуиловата тврдина и уште неколку препознатливи симболи на Охрид.

Денес околу 17:00 часот по македонско време, 11-годишниот застапник за деца со пореченост од Македонија, Јане Велковски, ќе му се придружи на УНИЦЕФ и ќе се обрати на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк.

На 20-ти ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

Од 1990 година, како универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зоран Тунтев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука