ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Јане со моќна порака од Њујорк: Треба да направите се’ за правата на децата, и отстранете ги сите бариери – да нема дискриминација!

Њујорк, 20. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со Спинална Мускулна Атрофија, и поради тоа се движам со количка која ја викам Формула, порача 11-годишниот застапник за деца со пореченост од Македонија, Јане Велковски, кој му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк.

– Но, моите родители од мал ме учеа дека можам да правам се што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев- тоа стана и мое правило- да правам се и да уживам во животот. Одам во училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила и енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Битно е да се еднакви и да се почитуваат. Јас се сметам за еднаков со сите, така и се однесувам, и така треба сите да се однесуваме, истакна Јане.

Тој додаде дека не е лесно кога си во количка бидејќи има многу пречки на патот.

– Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам негде ако нема рампа или ако нема превоз за мене и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен. Децата како мене сигурно исто се чувствуваат и би сакал да им порачам- да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон. Треба да ги рушат бариерите каде што ги има, а да прават добри работи каде што ги нема. А на возрасните сакам да им порачам- треба да направите се за правата на децата, и отстранете ги сите бариери. Да нема дискриминација – порача малиот херој.

Image may contain: 3 people, people sitting and indoor

Јане со Дејвид Бекам

Тој учествуваше во интерактивниот дел во кој ќе беа претставени деца – застапници. Имаше креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја. Јане зборуваше заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави