Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Сугаревски: Заемот за доизградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе се отплаќа 20 години

Скопје, 20. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пратениците во попладневниот дел од 116. седница ја продолжија расправата по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево-Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски истакна дека проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој лани беше изгласан анекс на договорот од страна на Собранието, е вкупно 179.694.572 долари. Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за криминал во однос на договорите за овој проект со кои средствата биле обезбедени со кредити.

Расправата по законот за гаранција за заем за доизградба на автопатот Кичево-Охрид продолжува утре. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави