Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Законот за гаранција за заем за доизградба на автопатот Кичево-Охрид пред пратениците

Скопје/Охрид, 21. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пратениците во македонското Собрание денес ќе ја продолжат расправата по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево-Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вчера истакна дека проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој лани беше изгласан анекс на договорот од страна на Собранието, е вкупно 179.694.572 долари. Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за криминал во однос на договорите за овој проект со кои средствата биле обезбедени со кредити. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави