Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна забава и продажна изложба на дела од Мајкл Клос во Shilla

Охрид, 22. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во кафé и бар Shilla во Охрид, во организација на Lions Club Ohrid ќе се одржи забава и изложба на слики од канадскиот уметник со охридско потекло Мајкл Клос.

– Влезница за настанот чини 300 денари, а сликите ќе се продаваат по цена од 500 денари. Собраните средства ќе бидат донирани за социјално загрозени семејства, порачуваат организаторите.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во Shilla – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави