февруари 16, 2023

Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Be 1 Digital marketing го објавија Showreel видеото со дел од сработеното во текот на претходната, 2022 година.

Бројни соработки со дел од најголемите компании во државата, веќе култните „Охридски приказни“ со „Форт кафе“, интервјуа, Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, дигитален маркетинг за бројни компании во Охрид, земјата и светот, комплетни кампањи, музички спотови…

– Ова се само дел од сработеното. Одиме понатаму, посилно и покреативно од било кога, затоа што Creativity Is Intelligence Having Fun… Let`s have fun together… – порачуваат од Be 1 Digital marketing.

Нудат комплетни маркетинг решенија за поголеми и помали компании:

– Маркетингот прерасна во основа на секој модерен бизнис. После скоро 30 години искуство во секторот, Be1 е кариката која недостасуваше помеѓу Вас и потрошувачите. Ги разбираме Вашите потреби, знаеме како, не импровизираме. Искуство, знаење и талент во комбинација со детални истражувања на пазарот. Kреативни решенија и специјални погодности за сите компании кои сакаат соодветно да се презентираат пред јавноста. Сериозен маркетинг за Вашата компанија, потенцираат од Be 1 Digital marketing. Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital marketing

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука