септември 14, 2022

Скопје, 14. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Песната „Beautiful Mind“ од Free Spirit е вистинско музичко освежување за самиот крај на ова долго и топло лето.

Позади музиката и аранжманот на синглот кој настанал како „случајна“ седенка во студио, стојат Александар Тарабунов и Ненад Пантовиќ. Текстот и вокалот се потпис на Ненад Пантовиќ.

– Во песната се зборува за девојка која е привлечна, интелигентна, духовита, елегантна, а сепак, нејзината сексипилност не доаѓа само од тоа, ниту од начинот на кој зборува, одењето, насмевката. Нејзината уникатност доаѓа од нешто скриено и неостварливо, порачуваат од тимот.

Спотот е снимен во Грција, а главна улога има преубавиот модел Natali Russou. Истиот го потпишува Зоран Зонде Стојановски.

Периодов, „Free Spirit“ подготвуваат уште два синглови, кои ќе бидат дел од истоимениот проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука