Охрид, 10. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Brass Brothers имаат нова песна „Better“, за која велат дека носи силна порака за надеж, упорност и животни лекции.
– Пораката која сакаме да ја пренесеме до јавноста преку песната е едноставна, но моќна: Без разлика на предизвиците со кои се соочуваме, животот нè учи дека секогаш постои утро после ноќта, светлина после темнината. Само треба да продолжиме да се бориме и да веруваме дека ќе биде подобро, велат од Brass Brothers.
Додаваат дека „Better“ не е само песна – таа е потсетник дека животот е патување исполнето со искуства кои нè обликуваат и инспирација да продолжиме понатаму. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 119