Охрид, 22. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Летото започна, а со тоа и журките и забавите низ дискотеките и кафулињата во Охрид, водечката туристичка дестинација во државата.
Охридската дискотека „Парк“ новата летна сезона 2017-та ќе ја отвори оваа сабота, со една од најатрактивните Dj-ки на Балканот, популарната Miss Ilda. Нејзиниот стил е хаус и електро. На диџеј сетовите, таа соработува со инструменталисти, создавајќи еден свој посебен печат. Во 2006 година DJ Miss Ilda е избрана за DJ број 1 во Албанија, а следните години како женски музичар број еден.
Покрај ексклузивното отворање в сабота, од дискотеката „Парк“ најавуваат дека ова лето ќе приредуваат одлични забави за охриѓани и гостите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23