Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски композитор и музичар Роберт Билбилов или Just RB заедно со Dj Nikifor го објавија нивниот најнов сингл „A mami jo“, кој е дел од албумот „African Queen“.
– Оваа песна носи свежи африкански звуци и е мешавина од разни стилови, создадена да биде пријатна и за клубовите и за радио радиостаниците. Навистина веруваме дека „Sexy Body“ ќе ја освои публиката со својата енергија и уникатен звук, вели Билбилов за новата песна.
Дел од албумот ќе биде и синглот „Зови ме Лена“ кој Just RB и Dj Nikifor го снимија заедно со одличната Тамара. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17