Охрид, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на туристичката сезона Охрид се промовира на бројни саеми за туризам низ Европа, а постојано од странските интернет агенции се објавуваат и промотивни текстови, во кои се опишуваат вредностите на градот.
Lonely Planet („Лонли планет“) на градот Охрид му го додели 5-то место меѓу 10-те градови, кои се најдобри за патување за 2017 година. Листата ја објави магазинот Indipendent. Како што се вели во објаснувањето, главните карактеристики по кои се одредени овие градови, се културните атракции.
Бордо е прогласен за најдобар град на светот за патување за оваа година, на второто место е Кејптаун, додека третата позиција е за Лос Анџелес. (Крај)
извор: ОхридПрес/Indipendent фото: Foodandtravel
Прочитано: 24