Калифорнија, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Netflix“ и Формула 1 најавија партнерство за да создадат документарен серијал за најпопуларната автомобилска трка.
Во пресрет на новата сезона, сопствениците на „Либерти Медиа“ објавија дека серијата ќе се емитува следната година.
Идејата на „Netflix“ е да покаже поглед одвнатре во битката за титулата во сезоната 2018. Епизодите ќе се 10, а екипата на компанијата ќе има неограничен пристап до пилотите, шефовите и нивните сопственици во текот на сезоната.
„Формула 1 е глобален спорт кој ние сакаме да го позиционираме од чисто мото-спорт бренд кон таков, кој е отворен медиумски и многу позабавен“, рече Шон Братчис, кој го предводи маркетингот во „Либерти медија“.
Според него, документарната серија „Netflix“ ќе привлече уште поголем број навивачи, а оние кои следат Формула 1 со години ќе имаат подетален поглед на битката.
Во изминатата година „Netflix“ ги прошири своите интереси. Таа веќе потпиша слично партнерство со италијанскиот шампион Јувентус, за кого ќе емитува низа епизоди. (Крај)
извор: Стандард фото: архива