мај 19, 2018

Охрид, 19. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со ноќна трка која ќе се одржи вечерва од 21:00 часот, ќе биде најавено второто издание на спортско-рекреативната трка „Охрид Трчат“.

Стартот на трката во должина од 2,2 километри е кај фитнес зоната на патекта „Студенчишта“, а целта ќе биде на плоштадот кај споменикот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа трка нема натпреварувачки карактер, пријавување не е потребно, а котизација нема, рече Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“, организатор на настанот, во емисијата Радио Корнер на Супер радио.

–  Она што е потребно е желба, позитивна енергија, потребни се патики и добро би било да се носи маичка во пошарени бои, доколку се има би сугерирал флуросцентни бои. Оние кои сакаат да се тркаат треба да се на стартот 15 минути пред почетокот на трката, одноно најдоцна во 20:45 часот да се кај фитнес зоната на патеката „Студенчишта“, рече Цветкоски.

ohrid_trcat_2018_640x360

Покрај што целиот настан ќе има спортско-рекреативен карактер, ќе има и музичко-забавен карактер.
Инаку, спортско-рекреативната трка „Охрид Трчат“ ќе се одржи на 3-ти јуни. Предвидени се трките на пет и десет километри и тим билдинг трката којашто е дел од пет километарската трка. На главниот настан ќе му претходат училишната трка која ќе се одржи на 23-ти мај во 11:00 часот на Кеј „Македонија“, како и детската трка на 2-ри јуни.

Пријавувањето е он-лајн на веб страна www.ohridtrcat.mk.

– До 20-ти мај е рокот во кој доколку се пријавите ќе имате ексклузивна можност до стратниот број да стои и името на натпреварувачот. Инаку крајниот рок за пријавување е 28-ми мај, вели Цветкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука