Охрид, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На програмата на регионалната О2 телевизија, вечерва во 19:15 часот ќе се емитува првата епизода од Тв проектот „Подравка лето со Лино“ со кој младата охридска актерка Ангела Маркоска, ќе се претстави пред пошироката јавност.
Таа ја доби оваа награда од организаторите на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, односно сопствен Тв проект, во кој таа ќе може да го покаже својот талент, кој не остана незабележан од жири Комисијата на првото издание на шоуто.
најмладите од „Јасна Ристевска“ во посета на „Тамаро“– Кампањата „Подравка лето со Лино“ се реализираше во текот на месеците јули и август 2017 година. Станува збор за Тв емисии во траење од по 30 минути кои ќе се емитуваат на О2 телевизија, а основната идеја е да се едуцираат и анимираат најмладите за здравиот начин на живот, исхраната и слични теми. Активни учесници во проектот се најмладите од Детската градинка „Јасна Ристевска“ од Охрид, информираат организаторите на проектот.
во ординацијата на д-р Беби Ласовски
Ова е само продолжение на активностите кои следуваа по првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. На фестивалот „Езерски бисери“ кое се одржа во текот на летото настапија Ирма Гогова, Ивана Коскоска и Светлана Вељаноска, кои имаа забележителен настап, а летово радио проект имаше и Илија Богданоски, кој на шоуто ја доби токму таа награда. Младата Емилија Петровска со песната „Одговор“ пред само три дена ја освои наградата за најдобар дебитант на Поп вечерта на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охрид фест“. Емилија беше финалист на првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. Таа заедно со Андреа Јованоска која се претстави со песната „Љубена“ добија награди од жири комисијата на Талент шоуто, но и можност за настап на фестивалот на „Охрид фест 2017“.
Зад идејата на проектот стои креативниот тим на Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, кои застанаа и зад проектот Ohrid SUPERSTAR кој беше избор за талентирани млади луѓе од регионот на Охрид и Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива