Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18-ти декември е датумот на кој ќе се случи предновогодишна концертна бајка, со Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола.
Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски, концертот ќе донесе комплетна новогодишна еуфорија во Македонска Филхармонија во Скопје, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.
Публиката ќе има прилика да ужива во изведбата на светски најпопуларните Божиќни песни, како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“ и многу други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22