септември 12, 2022

Охрид, 12. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – По песната „Yesterday“ од 2014-та година, нова соработка за францускиот Суперстар DJ David Guetta и американската пејачка Bebe Rexha во „I’m Good (Blue)“.

Станува збор за песна која е снимена пред повеќе од пет години, но која официјално беше издадена на 26-ти август 2022 година и во себе содржи семплови од големиот хит од 1998 година „Blue (Da Ba Dee)“, со кој групата Eiffel 65 постигна планетарен успех.

Guetta прв пат ја пушти оваа песна во еден негов сет на Ultra Music Festival во далечната 2017 година, но мораше да чека дури до неодамна за да го доживее своето издание.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука