Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на викенд забавите, утревечер во објектот на Куба Либре Плажа (Cuba Libre Beach) пред охридската публика ќе се претстават членовите на музичкиот состав The Evergreen Trio.
Триото го сочинуваат проф. Емилија Маринова – вокал и пијано, Јане Тодороски – бас и Филип Стојковски – тапани. Како специјален гостин на вечерта ќе биде саксофонистот Горан Папаз.
Овој музички состав, во зависност од концептот на музиката која ја презентира пред публиката, некогаш настапува како квартет. Составот стана препознатлив не само во Охрид и Струга, туку и пошироко во републикава по извонредните аранжмани на песните кои се интерпретираат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17