Скопје, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот магазин „Тајм“ ја смести Македонија во групата земји каде е најевтино да се живее.
Македонија го зазеде 10 – то место и според овој магазин е најевтина земја за живот во однос на земјите од регионот.
Соседна Србија го зазеде 18-то, Црна Гора е на 26-то, Босна и Херцеговина се најде на 11-то место, Словенија на 36-то, Хрватска на 47 место.
Во листата ТОП 10 најевтини земји се најдоа: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.
Во делот на објаснувањето за Македонија пишува дека локалната куповна моќ е за 49% пониска, киријата е 94% поевтина, продуктите се за 73,3% поевтини, а локалните добра и услуги исто така се поевтини за 68,6%. (Крај)
извор: Фокус фото: архива