Turkish Airlines од 27-ми март четири пати неделно ќе лета на релација Охрид-Истанбул
декември 11, 2024

Охрид, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Авиогигантот Turkish Airlines од 27-ми март 2025 година, четири пати неделно ќе лета на релација Охрид-Истанбул.

– Turkish Airlines закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона, 2025 година. Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900, јави порталот exyuaviation.com.

Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата.

Гостите од Турција традиционално се најбројни во нашата држава. Според официјалните податоци на Заводот за статистика, само во текот на јули годинава, Република Македонија ја посетиле 53.296 гости од Турција. (Крај)

извор: ОхридПрес/exyuaviation.com фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука