News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 23, 2024

Лондон, 23. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британецот Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ, соопштија од тимот за односи со јавноста на најдобриот српски тенисер. Во соопштението се наведува дека Ѓоковиќ започнал соработка со својот долгогодишен ривал и пријател Мари, кој се приклучил на неговиот тим како тренер.

– Договорот е постигнат во пресрет на новата стратегија за следната сезона, со фокус пред се’ на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл, се наведува во соопштението.

Ѓоковиќ го освои трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.

– Возбуден сум што ќе имам до мене еден од моите најголеми ривали, овој пат како тренер. Со нетрпение очекувам да ја започнам сезоната со Енди покрај мене, токму во Мелбурн, каде споделивме толку многу одлични моменти, истакна Ѓоковиќ.

По првиот Грен слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мари ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.

– Ќе му се приклучам на тимот на Новак во текот на подготвителниот период, помагајќи му да се подготви што е можно повеќе за Австралија опен. Многу сум возбуден поради тоа, со нетрпение очекувам да започнеме и благодарен сум за можноста да му помогнеме во остварувањето на целите во наредната година, рече Мари.

Тој е трикратен Грен слем шампион, петкратен финалист на Австралија опен, поранешен светски рекет број еден на АТП листата и освојувач на златен медал во сингл на Олимписките игри во Лондон 2012 и Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. (Крај)

извор: РТС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука