News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 23, 2024

Охрид, 23. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дел од Република Македонија во текот на последното деноноќие беше зафатен со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17:20 до 19:45 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари, интервенирале на откачен лимен покрив поради силниот ветар на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во Охрид денес се очекува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Следува период на постудено време особено наутро и со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе се задржува сончево време со мала до повремено умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ЦУК/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука