февруари 8, 2017

Охрид, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Топењето на снегот од околните планини, како и новите врнежи од дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Охридското Езеро, сметаат хидролозите.

За разлика од пред две недели, кога сликата со ниското ниво на водата во Охридското Езеро беше застрашувачка, од ден на ден ситуацијата се подобрува, уверуваат од Хидролошкото одделение при Управата за хидро метеоролошки работи.

Изминатиот период искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука