јуни 1, 2017

Охрид, 1. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Училишна трка во должина од еден километар ќе се одржи денес на кеј “Македонија”.

Ова случување ќе биде како најава или загревање за спортско – рекреативната манифестација “Охрид трчаТ“.

Стартот на трката е во 10 часот од пред споменикот на А.Ден Долард, а финишот пред споменикот на “Св. Кирил и Методиј”. Учество ќе земат ученици од деветто одделение.

Асоцијацијата на спортови “СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ” училишната  трка ја организира во соработка со Сојузот на училишен спорт – Охрид и охридските основни училишта.

Симболиката на почетокот на “Охрид трчаТ“ викенд е повеќе од јасна, учениците, школите, спортското образование е иднината за сегашните и идни генерации, велат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука