Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во вторник, на 8-ми август, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „Св. Наум Охридски“, по повод празникот „Преподовна маченичка Параскева (Петка)“.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, по повод празникот „Св. Климент Охридски и свети великомаченик Пантелејмон“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во среда, на 9-ти август, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива