Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на МЈП „Проаква“, при вршење на контрола во Охрид и околните села, констатирале бројни нерегуларности и злоупотреби во поглед водоснабдувањето од страна на корисниците.
– Утврдено е дека неовластено се користи вода од системот, се манипулираат водомерните броила, а има и нелегални приклучоци на мрежата, што уште повеќе го отежнува водоснабдувањето во летни услови. Им укажуваме на граѓаните дека ваквото противправно дејствување претставува основ за кривична и граѓанска одговорност, кое ги доведува во нерамноправна положба останатите корисници и за кое ќе бидат поведени соодветни постапки пред надлежни органи, информираат од МЈП „Проаква“ од каде ги повикуваат сите корисници рационално да ја користат водата заради лошата хидролошка состојба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива