Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Проблемот со кучињата скитници во Охрид е тема која предизвикува бурни реакции и на социјалните мрежи.
– Крајно време беше да се реши овој проблем; Супер и поддршка за акцијата, се само дел од коментарите на охриѓани по најавата дека новата локална самоуправа има сериозна намера да се справи со овој проблем.
Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата скитници на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар, истакна денес градоначалникот Јован Стојаноски.
На денешниот состанок присуствувале претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес