Охрид, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид и во Скопје ќе се реализираат интензивни курсеви за изучување странски јазици, наменети за туристички водичи.
Организатори се Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact.
Во Охрид ќе се реализираат курсеви за изучување на полски и холандски јазик, додека во Скопје ќе бидат курсевите за француски, германски и италијански јазик.
Ова ќе биде одлична можност за водичите со оглед на тоа што се повеќе по огласите за вработување се бара познавање и на некој од овие јазици.
Курсот ќе трае седум и пол седмици, а динамиката на часовите ќе биде четири пати неделно, по два часа дневно.
Кандидатите по успешно завршување на курсот, ќе добијат диплома за завршен основен курс од реномираната институција Центар за странски јазици.
Заинтересираните може да се пријавуваат до 5-ти ноември,до 16:00 часот, на маил адресата:
[email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива