ноември 9, 2017

Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 74 годишнината од формирањето на Првата Македонско косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада и патронатот на ОУ „Дебрца”, за утре се предвидени низа активности во организација на Сојузот на борци и Општина Дебрца.

Од 10:15 часот во село Сливово ќе биде положено свежо цвеќе на спомен обележјето. За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува професорот по историја, Наце Иваноски, а предвидена е и посета на спомен домот.

Во 11:00 часот во селото Белчишта ќе биде посетена спомен собата и ликовната галерија. Во 11:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот. За 12:00 часот е закажана свечената програма по повод патрониот празник на ОУ „Дебрца”.

Првата Македонско – косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово, охридско.Бригадата броела околу 700 борци. Се состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука