Охрид. 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 74 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, утре организира историски час.
Темата е “Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”, а ќе зборуваат претседателот на ОО на Сојузот на борци, Гоце Георгиески и професорот по историја, Наце Иваноски.
Историскиот час ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31