декември 4, 2017

Брисел, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Делегација од Нотарска комора на Република Македонија предводена од Претседателот, нотарот од Охрид Васил Кузманоски, беше на работна посета во Брисел, Белгија по повод генералното собрание на Советот на нотаријатите на Европската Унија, каде НКРМ беше и формално претставена како член набљудувач, информираат од Нотарската комора.

За време на посетата делегацијата остварила средба со в.д. Амбасадорот Влатко Станковски во Мисијата на Република Македонија во ЕУ. Претседателот Кузманоски го запознал Станковски со процесот низ кој поминала НКРМ за да стане дел од CNUE, а била дискутирана и улогата на нотарите во правниот промет.

Од комората посочуваат дека нивниот прием во CNUE од страна на Мисијата на Република Македонија во ЕУ се оценува како особено позитивна посебно заради размената на искуства со нотаријатите во Европа кое е особено значајно и потребно доколку се земе во предвид важноста на поглавјето 3.23 – Правосудство и фундаментална правда.

На генералното собрание на CNUE, Претседателот на CNUE Гарсија – Колантес, пред претставниците на нотаријатите на 22 земјите членки на ЕУ, ја поздравил делегацијата на НКРМ, која за овој настан била придружувана од претставник на Мисијата на РМ во ЕУ,  Александра Вуковиќ, втор секретар, во обраќањето го истакнала своето задоволство и посакала топло добредојде на НКРМ во европското семејство.

Претседателот Кузманоски се заблагодарил за дадената поддршка, доверба и едногласно донесената одлука НКРМ да биде прифатена како член набљудувач.

На генералното собрание на CNUE, покрај многуте актуелни теми бил презентиран и специјален извештај за оценка на правна професија на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) во соработка со CNUE. Во заклучоците се истакнува дека латинскиот тип на нотаријат се практикува во поголемите делови на континентална Европа и е битен фактор за обезбедува ефикасен пристап до правда за граѓаните и компаниите. Во улога на превентивна правда, нотарите дејствуваат непристрасно и помагаат кон спречување на судски спорови, ја контролира законитоста на трансакциите и придонесуваат во борбата за спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука