декември 9, 2017

Охрид, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕ)С – Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 20 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај селото Крушје.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Лада“ со вевчански регистерски ознаки управувана од страна на 39-годишниот С.П. и автомобил „Опел“ со охридски таблички управуван од 42-годишниот охриѓанец Љ.Ч.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи. Љ.Ч. бил итно пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје, додека С.П. е пренесен и задржан на лекување на битолската болница.

Сообраќајот до завршувањето на увидот беше во прекин во двата правци. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука