Охрид, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради сериозноста на повредите, ранетиот во денешната пукотница во Охрид е префрлен во Клиника во Скопје.
Повредите во делот на коленото биле санирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, по што лицето било испратено во Клиника во Скопје, каде треба да продолжи третманот.
Инцидентот се случи нешто по 14:00 часот, на кружниот тек на улиците „Бистрица“ и Булевар „Туристичка“. Неофицијално, пукањето се случило поради претходни недоразбирања.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и како што информираат од СВР Охрид, преземаат широки мерки и активности за пронаоѓање на лицето кое пукало. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22