декември 13, 2017

Охрид, 13. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во месец октомври во Охрид биле издадени две одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во едниот случај како инвеститор се јавува физичко лице, а во другиот правен субјект. Предвидената вредност на објектите е 84 214 000 денари.

За издадените одобренија се планира изградба на 37 станови со вкупна корисна површина 2 324 м2. Од нив 5 еднособни, 20 двособни, 8 трособни и 4 четирисобни.

Во анализираниот период, во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.

На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври се издадени 400 одобренија за градење, речиси двојно повеќе од септември и за 37.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука