декември 17, 2017

Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесување барања за финансиска поддршка на земјоделски производи за органско производство може да се поднесуваат до 25-ти декември.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се однесуваат за преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло; трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло; стручна контрола и сертификација; анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализа на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2017 година.

Покрај тоа, до овој рок може да се поднесат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.

Подетални информации може да се добијат во канцеларијата за административни работи и стручна поддршка во развојот на земјоделството при општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука