декември 18, 2017

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Древниот Охрид утрово се разбуди „обелен“ од првиот снег оваа година.

Иако со дебелина од само сантиметар или два, снежната покривка секако беше радост за сите, особено за најмалите, во пресрет на празниците.

ohridsneg20172Плаошник утрово

Според метеоролозите, времето днес ќе биде променливо облачно и постудено со локален слаб снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 2. степени.

– Денес ќе има локални врнежи од снег, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Под влијание на северно струење температурите значително ќе опаднат. Од вторник до петок над нашето подрачје ќе се задржи студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео/ОхридПрес фото: Марија Ристеска

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука