Охрид, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дедо Мраз во недела ќе пристигне на охридскиот аеродром.
Општина Охрид во соработка со ТАВ Македонија, за децата од претшколска возраст од детската градинка „Јасна Ристеска“, ќе организираат групен пречек. По пристигнувањето на Дедо Мраз на децата ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.
Настанот ќе започне во 08:45 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29