Избор Охрид

Оштетени клупите кај малиот плоштад до Мини маркет (Фото)

Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодговорни поединци ги оштетија клупите кај малиот плоштад до Мини маркет.

Читатели на OhridPress ни испратија фотографии на кои се гледа дека голем дел од клупите се оштетени, а во моментов не работи и фонтаната.

klupiminimarket2Одговорните се на потег да ги санираат овие помали оштетувања, за да биде подготвен и овој дел од градот за престојните Новогодишни празници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука