Охрид, 28. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Помал инцидент се случи денес, нешто пред 12:00 часот, на паркингот пред охридската Пошта, откако странски државјанин одбил да плати паркинг.
Читатели на OhridPress, кои ни испратија фотографии од настанот, велат дека малку фалело инцидентот да прерасне и во физичка пресметка.
Неофицијално, странски државјанин го паркирал своето возило со украински таблички, и потоа не сакал да плати паркинг. Инцидентот бил спречен со брза интервенција на екипа на охридската Полициска станица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 37