октомври 5, 2020

Охрид, 5. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од Програмата за прекугранична соработка Interred IPA CBC Greece – Republic of Macedonia 2014-2020, ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнер со 4-та Здравствена област на Македонија и Тракија од Грција, општина Каламарија од Грција и ЈЗУ Институт за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од Охрид, беше дел од проектот Heart Safe Cities – „Безбедни градови за срцето“.

Основна цел на овој проект е да се зголеми бројот на ефективно управувани случаи на срцеви удари настанати надвор од болница со што би се спасиле што повеќе животи.

Image may contain: indoor

Image may contain: text that says '94 ~ ฟฟ AMBULANCE PROVIDED WITH Interreg Interr eg 2014 15CB 009 Heart Safe Cities'

-Со овој проект се пристапува кон кардиоваскуларните заболувања преку начин на обезбедување на превентивна здравствена заштита на посебен начин преку кој ќе обезбеди едуцирање на пошироката јавност и зголемување на општото знаење за срцевите проблеми и што во случај на нивно настанување. Односно, давање на прва помош во случај на настанување на срцев удар, не од здравствени работници, туку од добро едуцирани граѓани. За програмата се обезбедени 45.470.066 евра, од кои 38.649.552 евра се обезбедени од Европската Унија, а 6.820.514 од земјите партнери. Вкупниот буџет определен за ЈЗУ Здравствен дом Охрид е во износ од 185.428 евра. Од средствата, согласно спроведени постапки за потребите на службата за итна медицинска помош се обезбедени едно амбулантно возило со комплетна опрема во вредност од 64.620 евра, како и медицинска опрема која се состои од: тренинг манекени, пулс оксиметри, мобилни мониторинг системи, ЕКГ апарати, мобилни ЕКГ апарати, мобилни медицински аспиратори, системи за кислород, сетови за имобилизација, сетови за породување, сетови за изгореници, дефибрилатори со монитор, мобилни дефибрилатори, мобилни респиратори во вредност од 107.560 евра, информираат од ЈЗУ Здравствен дом Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЈЗУ Здравствен дом Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука