јуни 4, 2020

Охрид, 4. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дали целосната забрана на движење во Скопје, Куманово, Штип, Тетово и други помали општини ќе го наполни Охрид, но и другите туристички и планински центри како во шпицот на сезоната?

Владата на последната седница повторно го врати на сила полицискиот час, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19. Охрид е меѓу градовите каде полицискиот час ќе биде на сила парцијално, односно ќе важи од 21:00 часот вечерва и од 16:00 до 05:00 часот во петок, сабота и недела.

Влада на РМ: Се враќа полицискиот час, забрана за посета на гробиштата, освен за погреби

Охриѓани на социјалните мрежи реагираат на оваа одлука и велат дека ова може сериозно да влијае врз зголемувањето на бројката на заболени во Охрид, со самиот факт што се очекуваат бројни посетители од овие градови. Бројните станови на граѓани кои не се од Охрид се очекува викендов да бидат комплетно исполнети, а на социјалните мрежи може да се види и како се рекламираат апартмани во градот.

Во периодот од денес, од 21:00 часот до понеделник, 8-ми јуни, до 05:00 часот, на сила ќе биде и забраната за посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Последните одлуки на Владата на Република Македонија ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука