Охрид, 13. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, информираат од АМСМ.
– Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец, крак Маврово-Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка, додаваат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2021 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес