јуни 15, 2020

Охрид, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од најрепрезентативните капацитети во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Денес Ви го претставуваме езерскиот комплекс „Метропол“:

Image may contain: pool, sky and outdoor

Image may contain: sky, tree, plant, outdoor and nature

Доживете ја смиреноста, едноставноста и комфорот во погледот кон езерото од една страна и бескрајната зелена шума на Националниот парк „Галичица“ од другата страна. Опкружен од борова шума, Комплексот нуди тивко место, кое е вистински рај за туристите, нуди сенка и ладовина во текот на жешките летни денови и волшебен поглед кон прекрасното Охридско Езеро.

Image may contain: one or more people, living room, table and indoor

Комплексот располага со три реновирани хотели: „Метропол“ 4*, „Белви“ 4* и „Турист“ 3*.

Контакт:
046/253-001

www.metropol-ohrid.com.mk

Facebook: MetropolLakeResort

Image may contain: bedroom and indoor

извор: ОхридПрес Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука