Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Група охридски ентузијасти и вљубеници во скијањето и прекрасната Галичица викендов уживаа во несекојдневно скијање на крајот на април.
Во екипата беа Зоран Димоски, Слободан Данко Хаџи Илиев и Јорданчо Георгиевски, кои имаа ретка можност да скијаат со неповторлив поглед на двете преубави езера – Охридското и Преспанското.
– Скијавме по североисточниот раб на Галичица од каде се гледаат двете езера. До влезот во шумата има неповторлив поглед. Според мене ова е најдоброто место за скијање во Македонија, вели за Супер радио и OhridPress Зоран Димоски.
Тие снимија и навистина прекрасно видео од нивната авантура со кое ја доловуваат целата убавина.
Погледнете.
извор: ОхридПрес фото/видео: Зоран Димоски
Прочитано: 46