мај 19, 2020

Скопје, 19. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На нови тројца полициски службеници, вработени во МВР, им е дијагностициран коронавирус, јави порталот „А1он“.

Нивните тестирања, како и на 15 други службеници биле направени откако претходно, еден од нив појавил симптоми за присуство на коронавирусот. Сите, изминатава недела престојувале во Охрид, поради извршување на работни задачи, а биле сместени во одморалиштето на МВР, во месноста Свети Стефан.

Информацијата за „А1он“ ја потврдиле и од МВР, од каде велат дека четворица службеници од тестираните биле негативни, а за останатите 11 вработени се чекаат резултати. Сите биле припадници на Единицата за брзо распоредување.

Комлетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука