Скопје/Охрид, 8. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од први јануари до 7-ми февруари 2021 година е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.
Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13-ти јануари 2021 година во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во Тетово, Струга, Куманово, Штип и Велес.
Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај 50 од овие пациенти.
– Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници, потенцираат од Министерството за здравство, од каде апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите. (Крај)
извор: nezavisen.mk фото: ОхридПрес