мај 2, 2020

Охрид, 2. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 01/02.05.2020 година, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, 12 лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-6, Струга-3, Кичево-1, Дебар-2).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.05.2020 година во 21:15 часот, 24-годишната Л.Д. од охридското село Косел, пријавила нарушен јавен ред и мир со закани упатени кон неа од страна на М.А.(22) од Охрид. Истиот ден во 22:30 часот, во Полициската станица во Струга, 32-годишнито А.И. од Поградец, Албанија, пријавил нарушен јавен ред и мир со загрозување на неговата сигурност, извршени од Е.С. и Ј.С. од Поградец и од едно, засега непознато лице. На 01.05.2020 година во 05:45 часот, Б.М(62) од Струмица и В.И.(47) од Скопје, во домот на К.Ш.(72), во струшкото село Вишни, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна караница и тепачка. Истиот ден во 16:30 часот, во струшкото село Лабуништа, С.Б. и Е.Б., од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир и физички го нападнале 36-годишниот С.Д. од Лабуништа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди, информираат од СВР Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 86 лица во изолација (Охрид-42, Струга-44). Од страна на полициски службеници извршени се 86 контроли врз овие лица. Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 69 лица (Охрид-39, Струга-18, Кичево-5, Дебар-7). Врз овие лица, извршени се 58 контроли (Охрид-30, Струга-18, Кичево-3, Дебар-7). Полициските службеници извршија 99 контроли на угостителски и други објекти. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука